Јапонски робот – чистач на смартфони и таблети

Од:

Јапонската компанија за детски играчки Такара Томи го претстави својот робот-чистач „AutoMee S“, што лесно може да прерасне во задолжителен додаток за сите корисници на смартфони и таблет уреди.

Уредите со екран осетлив на допир веќе неколку години се наше секојдневие, а проблемот со валканите отпечатоци на екранот по употребата останува без разлика колку го чистите својот смартфон или таблет.

„AutoMee S“ е 2,75 инчен чистач на екрани, што лесно го решава проблемот со нечистотијата движејќи се нежно по екранот, објави „mashable.com“.

Уредот со големина на човечка дланка може да се користи како на таблет уреди, така и за смартфони. „AutoMee S“ користи специјална хартија за чистење, а се работи на стандардни АА батерии. Роботот-чистач е доволно паметен автоматски да сврти кога ќе дојде до работ на уредот.

„AutoMee S“ се очекува на пазарот во Јапонија идниот месец, по цена од околу 16 американски долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска