Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска треба да добие нов претседател. За претседателското место во ЗНМ во трка се двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.
Од ЗНМ информираа дека до крајниот рок за поднесување кандидатура биле пристигнати две апликации и оти Чадиковски доставил и програма за работа, а Наумов најавил дека ќе ја презентира програмата пред членовите на самото Собрание.
Покрај ова, денеска ЗНМ треба да избере и членови за Управниот и Надзорниот одбор и за Советот на честа.
За членови во Управниот одбор биле пристигнати 29 кандидатури, за Надзорниот одбор шест, а за Советот на честа четири кандидатури.
За членови на Управниот одбор кандидатури поднеле Ајдари Аднан, Акифи Шклзен, Андонов Зоран, Арифи Бењамин, Атовска Кристина, Димевски Сашко, Димитровски Зоран, Донев Венцо, Ѓеоргиев Томислав, Иванов Мишко, Јовановска Слободанка, Јовановски Тодор, Кока Фиљана, Лефков Горан, Мачкиќ Кристина, Маџоски Зоран, Митреска Елизабета, Михајлоски Гоце, Николовска Билјана, Петроска Парашкева, Поповски Среќко, Салију Фуркан, Салих Зехријан, Стефановски Илија, Стојанов Игор, Стојановска Наташа, Трпческа Мирјана, Халили Мемедалија Евис и Цветковска Сашка.
Кандидатури за членови на Надзорниот одбор се Јордановска Мери, Керими Адриан, Мехмети Семи, Мулачка Ирена, Стројмановски Трајче и Сулејмани Башким, додека за Советот на честа кандидати се Костиќ Мира, Јакупи Семра, Зилбеари Сенад и Зекири Арбен.
Изборното собрание на ЗНМ ќе почне во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани.