Голот на Украина бил регуларен

Од:

Претседателот на Судиската комисија на Европското првенство Пјерлуиџи Колина рече дека на Украина и е поништен регуларен гол против Англија.

Тој рече дека е тоа и првата грешка во досегашниот тек на шампионатот.

„Топката ја помина линијата. Тоа беше трета слична ситуација на ова првенство, но во претходните два натпревари судиите постапија правилно. Овој пат, на жалост не се постапи исправно, но човечки е да се греши“, рече Колина на прес конференција во Варшава.

Украина изгуби од Англија со 1:0, а регуларниот погодок беше поништен во 62 минута. Доколку резултатот на Англија и Украина беше поинаков, беше можност за еден од домаќините на првенството да оди во четвртфиналето зашто Франција изгуби со 2:0 од Шведска.

Претседателот пак на фудбалската федерација Сеп Блатер по натпреварот на својот твитер профил написа дека технологијата во фудбалот веќе не е алтернатива, туку потреба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска