Господине Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ ДУЕЛ. Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со Претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли. Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните, рече Арсовски.
Според него, судството е заробено од канџите на Заев и тој однапред ги знае пресудите што ќе ги донесат судиите.
– Судството се користи единствено за перење на криминалот на функционерите на СДСМ, вклучително го знаете и оној случај за Зоран Заев каде што беше фатен на очиглед на јавноста, а потоа беше прогласен за невин, и се користи единствено за политички прогон кон луѓето кои што не мислат како Зоран Заев. Граѓаните веќе изгубија доверба во обвинителството, бидејќи сведоци сме на најголемиот скандал, најголемиот црн вотергејт каде што се прислушувани обвинителите и судиите, и нивни соработници. Обвинителите и судиите за жал се под надзор на Оливер Спасовски и на Зоран Заев, рече Арсовски.
Тој рече дека секојдневно се нарачувале политички пресуди, а криминалот и корупцијата биле на рекордно високо ниво.
– Ниту еден единствен случај нема решено министерството за внатрешни работи. Луѓе гинат на секој чекор, а мафијата која што си доби држава царува по улиците на Република Македонија. Економијата крахирана, се носи буџет најголем до сега, а никакви проекти нема. Не е мрднато ниту со прст. Сите економски параметри одат по негативна линија. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а и дополнително ќе осиромашат благодарение на СДСМ бидејќи ќе плаќаат и повисоки даноци. Се распродаваат националните интереси како на пазар да сме во Струмица, не се почитува волјата на граѓаните, не се почитува волјата на македонскиот народ, рече Арсовски.
Тој уште еднаш го повика Заев на дуел и да им објасни на граѓаните дека ситуацијата не е таква.