КСС утре на протест во Прилеп, бара зголемување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) за утре најавува протест во Прилеп барајќи зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. КСС бара и работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори и почитување на социјалниот дијалог.

– Почнуваме во Прилеп да го искажеме нашето незадоволство, но доколку не отпочнат преговори за покачување на платите во јавниот сектор и додека не се откаже Владата од трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор, ќе продолжиме и понатаму, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Барањата, како што посочи, се доставени до надлежните министерства и до Владата, но досега нема никакви преговори. Од Синдикатот се пожалија на опструкции за утрешниот протест од страна на некои институции кои, како што рекоа, утре организираат обуки за вработените на кои присуството е задолжително.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15