Ципрас од Солун: ДА за Македонија на демократијата и солидарноста – НЕ за омразата и национализмот

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва од политички настан организиран од неговата партија СИРИЗА во Солун, ќе испрати порака дека областа Македонија, односно северниот дел на Грција, поддржува солидарност и демократија, а не национализам, омраза, поделба и нетолеранција.

Говорот на Ципрас во Солун, закажан за 19.30 часот по локално време (18.30 по средноевропско време), на тема „ДА за Македонија на демократијата и солидарноста – НЕ за омразата и национализмот“, доаѓа по собирите и блокадите на средните училишта од учениците во северна Грција, кои преку слогани тврдеа дека „демократијата ја продала и предала Македонија“.

Паралелно и во исто време со обраќањето на грчкиот премиер што ќе се одржи во спортска сала во Солун, закажани се и три различни протести. Два на десничарски здруженија и организации кои се против Договорот од Преспа, а еден на анархистички здруженија и групи.

Преку социјалните мрежи, одредени групи за „одбрана на Македонија“, повикуваат на собири, а едните по пример на Французите, ги повикуваат Грците, да им се придружат облечени во жолти елеци.

Контра-протест организираат анархистички организации и групи.

Според грчките медиуми, поради говорот на Ципрас и закажаните протести, Солун вечерва ќе биде под силни безбедносни мерки за да се избегнат какви било инциденти.

Како што објави МИА минатата седмица, настанот на грчката владејачка партија против поделбата и нетолеранцијата го најави генералниот секретар на СИРИЗА, Панос Скурлетис, на прес-конференција во Солун.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски