Вечерва на небото ќе може да се забележи дождот од метеори Геминиди, легендата вели дека тогаш се исполнуваат желби

Од:

Вечерва на небото ќе може да се забележи дождот од метеори Геминиди, додека на 16 декември ќе може да се забележи „Божинката комета“, која оваа година е најблиску до земјата во последните 400 години.

Метеорскиот дожд Геминиди вечерва ќе го осветли небото, а кога ќе поминат метеорите, доаѓа светлото на „Божикната комета“.

Експертите од НАСА предлагаат настаните да се набљудуваат од темно место и да се почекаат 30 минути за очите да се адаптираат на ноќното црнило. За набљудување на метеорите не е потребна опрема, само добра волја, топла облек и поглед кон небото.

Според некои легенди, доколку замислиме желба кога гледаме како паѓа „ѕвезда“ – таа ќе се исполни. Оваа легенда потекнува од Европа, кога грчкиот астроном Птоломеј, напишал дека боговите, од време на време, од радозналост, проверуваат долу на Земјата низ процеп кој го прават помеѓу сферите и ѕвездите понекогаш се „протнуваат“ низ тој процеп, што нас ни изгледа како ѕвезда која паѓа.

Во современата култура исто така има верувања поврзани со ѕвездите кои паѓаат. Во Чиле доколку гледате како паѓа „ѕвезда“, треба да земете камен и во тој момент да замислите желба. Филипинците веруваат дека кога ќе ја видете „ѕвездата“ треба да врзете чвор на марама.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска