Грчки владини извори: Уставните амандмани се во духот на Преспанскиот договор

Од:

По поднесениот финален текст на уставните амандмани усвоени од македонската Влада, грчки владини извори коментираат дека промената во членот 49 параграф 3, и воведувањето на формулацијата „дијаспора“ како што е во членот 108 на грчкиот устав, „одговараат на духот и текстот на Договорот од Преспа, чиј тек за спроведување, продолжува“.

Истите извори додаваат дека изјавите на македонскиот премиер, очигледно е дека биле за внатрешни цели за да обезбеди поддршка за договорот, но „останува неговата посветеност на Договорот од Преспа“.

-Ова исто така покажува дека договорот содржи ефективни мерки на заштита, кои во комбинација со интервенциите од грчка страна, но и од меѓународната заедница, не оставаат простор за какво било погрешно толкување, коментираат грчки владини извори, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната