(ВИДЕО) Блокада на Клиника: Шилегов да го врати паркингот, ги нема ветените промени во здравството

Од:

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10.30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат на сите што излегуваа од Клиниката. Побараа Град Скопје да се откаже од профитот секој ден за получасовната блокада.

-Рековме дека ќе ја блокираме наплатната рампа за излез, не сакаме да ги повредиме пациентите. Наша цел не е да се создаде метеж туку да ставиме до знаење дека сме понижени и повредени. Нема да дозволиме наплаќање на корисниците на паркингот додека блокираме. Не обезбедија дополнителни паркинг места ние ке им ја блокираме наплатата за која викаат дека не ги интересирал, рече хирургот Горан Беговиќ, претседал на Синдикат на Клинички центар.

Тој кажа дека воопшто не се задоволни од она што се случува во здравството.

Очекувавме промени, не сме задоволни од динамиката, затоа оваа иницијална каписла беше почеток за да не донесе овде пред наплатната рампа, рече тој.

Побараа Град Скопје да ја поништи одлуката, а Шилегов веднаш со одлука и договор да го даде паркингот.

-Министерот за здравство веднаш да ја организира ветената средбата со премиерот, ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти до 100.000 денари плата. Јас прв поверував во тоа, а свикавте прес конференцја за зголемување од 5 до 10 проценти без наше знаење.

Целата јавност разбра дека докторите добиле 10 процент повеќе, а сестрите и другите здравствени работници 5 проценти зголемување. Во меѓувреме некои си зголемија платите за 35 проценти без да одржат прес конференции, рече Беговиќ.

Блокадата и протестот продолжува секој ден во истиот период.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција