ВИДЕО: Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Од:

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта, како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач. Бегалецот Груевски не одговараше на прашањата од новинарот. Тој се превезува со возило од марката „Фолксваген шарон“.

За престојот на Груевски во Будимпешта се шират различни информации. Една од нив е дека тој престојува во „Интер Континентал“ или во хотелот „Кемпински“. Двата хотели се наоѓаат во центарот на градот, во близина на местото каде што вчера беше објавена фотографијата на експремиерот. Се уште не е утврдено кој ја направил фотографијата на Груевски на која може да се види и 26-годишниот Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, вработен во Царинската управа и еден од обвинетите за случајот „Насилство во Општина Центар.

Според информациите на Макфакс, Трајковски вчера заминал во Будимпешта во посета на азилантот Груевски. Тој во понеделник треба да се појави на рочиште за случајот со шамарите во Центар. Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Денеска Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а вчера на вајбер кратко ни одговори дека „станува збор за грешка“.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека обвинителството за околу две недели ќе излезе со првичните резултати од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер.

„Во обвинителството ќе бидат повикани сите лица кои може да дадат одредени информации за бегството на Груевски, а и досега биле сослушани припадници на неговото обезбедување“, изјави Русковска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно