Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска рече дека синоќа ја видела сликата со Груевски од Будимпешта.
На новинарско прашање дали обвинетиот Александар Трајковски кој е фотографиран со Груевски ќе биде повикан на распит во Обвинителството во предистражната постапка за бегството на Груевски рече дека ќе утврдуваат од каде потекнува и кој ја направил.
„Јас синоќа ја видов фотографијата, така што веројатно ќе видиме од каде потекнува и кок ја сликал. Во Обвинителството ќе бидат повикани сите за кои сметам дека може да дадат одредени информации во врска со бегството. И досега сослушував лица од неговото обезбедување, така и ќе продолжиме во таа насока“, рече Рускоска.
Таа рече дека деновиве добила информација од колегите од Црна Гора дека ги обезбедиле потребните снимки од камерите и следната недела ќе одат да ги преземат. Ќе бидат прегледани и снимките од Албанија. Рускоска очекува во следните 2 недели да соопштат кои се досегашните сознанија во предистражната постапка.
Засега точно не е утврдено како избегал Груевски од снимките од камерите на крстосниците.
Васко Маглешов