Ѕанакопулос: Постои широко парламентарно мнозинство за Договорот од Преспа

Од:

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека во грчкиот Парламент постои широко мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа.

– Мислам дека постојат политички предуслови за широко парламентарно мнозинство во случајот што е најверојатен дека успешно ќе се заврши процесот на уставна ревизија кај соседот и договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент, вели Ѕанакопулос.

Во интервју за грчкото радио „Реал фм”, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, изразува надеж дека партијата Река ќе остане на почетната позиција и ќе го поддржи договорот.

Во однос на неодамнешните изјави на македонскиот премиер што предизвикаа реакции во Грција, вели дека „Заев води тешка битка во клима отежната од национализми, па дури и шовинистички перцепции, што преовладуваа во изминатите години во соседната земја”. Ѕанакопулос додава дека не треба да се занемари фактот дека и во Грција се развиле такви идеологии и перцепции во однос на соседите.

– Мислам дека ако некој го прочита Договорот од Преспа, но и ако се потруди да ги види одредбите од ревизијата на Уставот, но и содржината на ревизијата кај соседот, ќе сфати дека без сомневање, не остава никаков простор барем правно, но и политичи за иредентизам во соседната земја. Мислам дека сето ова е многу јасно во Договорот од Преспа и затоа не треба да оставиме сомневањата и реакциите од националистички карактер да не одведат до тоа да изгубиме огромна политичка, дипломатска и историска шанса за решавање на едно прашање што не измачува и нас и нашите соседи, но и целиот Балкан, речиси 30 години, објаснува портпаролот на грчката Влада во интервјуто за „Реал фм”.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната