„Њуделхиска“ доби нов лик

Од:

Заврши реконструкцијата на улицата „Њуделхиска“, во населбата Тафталиџе 1. Целиот потег долж улицата, по повеќе децении, доби нов урбан лик.

Улицата е проширена, со цел да се обезбеди поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а поставено е и ново штедливо осветлување – лед светилки со моќност од 30 вати.

Целосно е обновен коловозот на оваа соообраќајница и истиот е проширен, а реконструирани се и тротоарите долж улицата.

Реконструкцијата на „Њуделхиска“ овозможува и зголемување на протокот на сообраќајот на овој потег.

Исто така, засадени се и нови садници дрвја долж „Њуделхиска“, со што се зголеми зеленилото во овој дел од Карпош.

Вкупно се асфалтираа 500 метри од улицата, а инвестицијата на Општина Карпош е во вредност од 3.200.000 денари.

Локалната самоуправа во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Тафталиџе 1, во моментов работи на реконструкција на повеќе улици: „Римска“, „Атинска“ и улицата „Карпошово востание“ во Карпош 3, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош