Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе го промовира второто издание на „Бела книга 2018“.
Целта на публикацијата е унапредување на бизнис климата во земјата преку конструктивни препораки и мислења од компаниите – членки.
На промоцијата е најавено присуство на премиерот Зоран Заев, претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Дел од настанот ќе бидат и други високи владини претставници, претставници на бизнис заедницата, амбасади и меѓународни институции.