Голманот на американскиот тим Колумбус Кру, Зак Стефен ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити.
Дваесет и тригодишниот голман на националниот тим на САД ќе премине во Манчестер Сити во текот на следното лето, откако денеска го потпиша договорот со неговиот нов клуб.
Досега, Стефен има 32 настапи за Колумбус Кру, кој заврши на петтото место во Источната конференција и се квалификуваа за плејофот. Во осминафиналето екипата го елиминира Ди Си Јунајтед на пенали, но во следната фаза загуби од Њујорк Ред Булс и отпадна од плејофот.