Трамп се закани дека ќе го заобиколи Конгресот за изградба на ѕид кон Мексико

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска им се закани на демократите дека ќе го заобиколи Конгресот и ќе и наложи на американската армија да го изгради ѕид долж границата со Мексико.

„Ако демократите не ни дадат гласовите неопходни за да ја гарантираме безбедноста на нашата земја, тогаш војската ќе го доизгради ѕидот”, напиша Трамп на Твитер, неколку часа пред средбата со двајца високи демократи во Конгресот – сенаторот Чак Шумер и лидерката на Демократите во Претставничкиот Ненси Пелоси.

Трамп бара од пратениците најмалку пет милијарди долари да продолжи изградба на ѕидот. Демократите категорично одбиваат да гласаат за обезбедување средства за оваа намена. Според Трамп, одбивајќи да ја финансираат изградбата, демократите воопшто не сакале безбедност на границата „поради чисто политички причини”.

На денешната средба ќе биде направен обид да се избегне евентуално делумно затворање на федералните служби на 21 декември, кога истекува крајниот рок за финансирање на некои владини агенции. Тоа ќе се случи ако Конгресот не ги распредели потребните средства. Шумер и Пелоси вчера рекоа дека републиканците сами можат да го решат проблемот за да не дојде до блокирање на работата на владата.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот