Димовски во Мароко: Пред три години обезбедивме поддршка за 800.000 мигранти

Од:

Делегацијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, учествуваше на Меѓувладината конференција за усвојување на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и редовна миграција, што вчера и денеска се одржува во Мaракеш, Мароко.

Глобалниот компакт е подготвен под покровителство на Обединетите нации и ги опфаќа сите димензии на меѓународната миграција.

Во своeто обраќање, државниот секретар Димовски, меѓу другото, истакна дека во екот на мигрантската криза во Европа 2015 година, Македонија обезбеди поддршка за повеќе од 800.000 мигранти. Тогаш стана очигледно, како што рече, дека ниту една држава сама не може да се справи со толкав прилив на мигранти и дека е неопходна засилена меѓународна и регионална соработка.

„Република Македонија верува дека глобалниот компакт за миграции, како политички документ, претставува алатка за зајакнување на глобалното управување со миграцијата, ублажување на причините што ја поттикнуваат, а воедно може да послужи и за справување со илегална миграција и трговија со луѓе, организиран криминал и други негативни појави што претставуваат легитимна грижа на афектираните држави“, рече Димовски.

Поздравувајќи го усвојувањето на Глобалниот компакт, државниот секретар Димовски посебно го истакна фактот што Документот овозможува секоја држава да ја утврди својата национална миграциона политика и правилата според кои ќе одобрува влез и престој на странски државјани.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија