Со големи емоции и упорност околу 200 прилепчани од изутрината ја почнаа првата акција за расчистување на изгорените конаци во манастирскиот комплекс Трескавец.
На педесеттината планинари им се придружија околу 150 доброволци кои неуморно работат.
Според Бранко Нешкоски од Координативното тело за обнова на манастирот, ова е прва од акциите кои ќе се одвиваат секоја недела.
Според него, дел од ѕидовите на конаците ќе мора мора да се срушат.