Американскиот гигант Мајкрософт лансираше своја социјална мрежа So.cl, која е достапна во целиот свет.
Мрежата, која ја развија инженерите на Мајкрософт, користи програмски интерфејси на Бинг за да се извршуваат пребарувања на одредени тематски категории, а потоа да се објавуваат или коментираат еден или повеќе резултати од тие пребарувања.
Конекцијата на таа мрежа бара претходна идентификација преку налог на Фејсбук или Мајкрософт.