Синдикатот на вработените во Клинички центар: Зголемувањето на цената на паркингот ќе го намали процентот на покачување на платите

Од:

„Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники “Мајка Тереза“ за 500 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат. На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.

Истовремено, доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП “Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5% за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0%.

Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.

Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.

Искрено верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг, вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе имаат картички со бесплатно паркинг место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Република Македонија.

Синдикатот на Клинички центар го повикува Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче со својот личен и со авторитетот на институцијата која ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје чии интереси ги застапува во рамките на своите надлежности.

Доколку истото не се случи, и Советот на град Скопје го изгласа предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, Синдикатот на клинички центар ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство“ се вели во соопштението на Синдикатот на вработените во Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Катните гаражи на Клинички центар ќе се градат со јавно-приватно партнерство

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови

Три фирми заинтересирани за тендерот за компресорската станица на Клинички центар

Вработена на скопските Клиники била нападната на работното место

Таравари именуваше четворица нови директори на здравствени установи

Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени