Во кумановскиот регион „врие“ од нелегални кладилници

Од:

Секторот за внатрешни работи Куманово и инспектори од Државниот инспекторат од Управата за јавни приходи, вчера спровеле контрола во осум спорстки обложувалници,при што констатирале дека во пет објекти од кои два во село Отља и по еден објект во селата Оризаре и Матејче во општина Липково и еден објект во локалитет „Серава“ во Куманово работеле нелегално без лиценца за работа ,издадена од Министертвото за финансии.

Објектите не поседувале решение за наплатно-исплатно место согласно Закнот за игри на среќа.

– Во сите овие објекти пронајдени се уплатни парични срдства во вкупен износ од 110.962 денари и 60 евра за кои се издадени уплатни ливчиња-тикети за спортски натпревари, изјави Валентина Николовска од СВР Куманово.

УЈП подготвила записници за констатираните неправилности согласно Законот за игри на среќа по што објектите се запечатени и пломбирани, додека уплатените парични средства, тикетите и техничката опрема телевизори, компјутери, монитори и друга опрема, со потврда се одземени.
СВР Куманово против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он