Адвокатската комора на Република Македонија во партнерство со Амбасадата на САД во Македонија денеска во Скопје организира конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права и 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.
На конференцијата насловена „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“ поздравен збор, како што е најавено, ќе има претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски, министерската за правда Рената Дескоска и американскиот амбасадор Џес Бејли.
Говорници на форумот ќе бидат: претседателот на Уставниот суд на РМ, Никола Ивановски, заменик претседателката на Адвокатската комора Јелена Ристиќ, Народниот правобранител на РМ, Иџет Мемети, владиниот агент од Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, Даница Џонова и Нада Наумовска, постара програмска координаторка на Фондацијата отворено општество.