Тројца кинески лекари ноќеска се убиени од непознати лица во градот Потискум, во немирниот североисточен дел на Нигерија.
Според западните агенции, лекарите биде државјани на Јужна Кореја. Тие работеле една година во најголемата болница во Потискум, а се движеле без обезбедување. Напаѓачите влегле во нивниот стан и ги усмртиле со нож. Едниот од нив бил обезглавен.
Засега никој нема преземено одговорност за убиството, а локалната полиција не може да определи кои би можеле да бидат мотивите за овој грозоморен чин.
Потискум е место каде се случуваат чести напади од страна на исламистичката група Боко Харам.