Џафери: Знаењето, просветувањето и просветлувањето на умот биле водилка за Св. Климент

Од:

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.

„Дозволете ми, од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да го честитам 8-ми декември, празникот Свети Климент Охридски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и на сите припадници на православната вера.

Знаењето, просветувањето и просветлувањето на умот биле водилка за Свети Климент Охридски кој работел неуморно на продолжувањето на мисијата на светите Кирил и Методиј, во создавањето на Охридската книжевна школа и Охридската Архиепископија, а не помалку вредна за чествување е и неговата преведувачка дејност. Тој верувал дека само така може да го изрази своето човекољубие и да даде придонес во облагородувањето на човештвото.

Почитувани граѓани, ви посакувам убав празничен ден, исполнет со душевен мир и семејна топлина, со верба и надеж дека сите знаеме како меѓусебно да се почитуваме, сакаме и можеме да бидеме подобри луѓе, вредни граѓани на заедницата и одличен пример за регионот и светот.

Нека е честит и вековит празникот!“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Ана Ололовска

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Ана Ололовска

НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележува 77 годинини од основањето

Ана Ололовска

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2018 година

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е значаен ден од македонската историја

Ана Ололовска