Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Од:

Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје, повеќе делегации ќе положат цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“.

Во областа на воспитанието и образованието, државната награда ќе и биде доделена на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академската сликарка – костимограф Елена Дончева.

Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа од синоќа. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон на делегација пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, а цвеќе ќе биде положено и пред споеникот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ што го носи неговото име. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, при што ќе бидат врачени и наградите на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на градот.

По повод празникот на Св. Климент Охридски, кој исто така е патрон и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, утринава ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски г. Агатангел, во сослужение со митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот антаниски, г. Партениј и бројни свештенослужители на МПЦ-ОА.

Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.

Би можело да ве интересира

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Ана Ололовска

НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележува 77 годинини од основањето

Ана Ололовска

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2018 година

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е значаен ден од македонската историја

Ана Ололовска

Одбележан празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески

Ана Ололовска