(ВИДЕО) Богоев: На безбеден начин да влеземе во Новата 2019 година

Од:

Пред платото на ТЦ Скопје Сити Мол, односно токму од Карпош, започна кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“, во организација на Општина Карпош, СВР Скопје, Црвен крст на Град Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во оваа кампања се приклучија сите основни училишта во Општината. Имено, учениците изработија цртежи и графити со мотиви: ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКИ, по што беа избрани и најдобрите цртежи на таа тема. Како прво награден беше цртежот на Дорис Геракар од ООУ „Петар Поп Арсов“, втората награда Ива Цимбировска од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, а третонаградена беше Берна Абдула од ООУ „Братство“.

На настанот се обрати градоначалникот Стефан Богоев, кој напомена дека локалната самоуправа продолжува да работи на зголемена безбедност на најмладите.

– Посакуваме на безбеден начин да влеземе во Новата 2019 година. Пиротехничките средства придонесуваат и за дополнително загадување на животната средина, а секако се закана и за нашата лична безбедност.

Целта на оваа кампања е да се подигне јавната свест кај сите граѓани, а младите на најдобар начин може да ја рашират пораката и да алармираат, рече Богоев.

-Со вашето учество во кампањата, им порача на учениците Богоев и додаде:

„Не само што придонесувате за намалување на употребата на пиротехнички средства, туку иако одите во основно училиште, покажувате многу поголема свесност и одговорност од повеќе возрасни сограѓани. Затоа ширете ја пораката за безбеден пречек на Новата 2019 година на ваков креативен начин, иако сите цртежи имаат своја убавина, а денес ги избвравме најдобите три кои ќе бидат и наградени“.

На настанот се приклучија и учениците од музичкото училиште Илија Николовски – Луј кои изведуваа познати македонски песни и светски хитови, со што дополнително ја надополнија атмсоферата.

Исто така, пред платото на ТЦ Сити Мол се одржа и симулација – укажување на прва помош на повреда здобиена од употреба на пиротехничко средство.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош