Жорже Мендеш, агентот на Жозе Мурињо, објави соопштение во кое истакна дека Португалецот се чувствува среќен во Манчестер Јунајтед и нема намера да го напушти клубот.
Некои британски медиуми шпекулираа дека шефовите на клубот сакаат да го сменат Мурињо со Маурисио Почетино. Всушност повеќето гласини околу Специјалниот се поврзани со неговото евентуално разрешување, а не со тоа дека тој сака да си замине од „Олд Трафорд“. Сепак се појавија и информации дека Жозе е подготвен да се врати во Реал Мадрид. Второто беше искористено како причина за изјавата на Мендеш.
– Се појавија многу гласини дека Жозе Мурињо го напушта Манчестер Јунајтед. Тоа е сосема неточно. Жозе е многу среќен во клубот и клубот е многу среќен со него. Тој има долгорочен договор со Манчестер Јунајтед и е целосно посветен на клубот, каде се обидува да изгради еден солиден, победнички проект, напиша тој во краткото соопштение.