Агенција за разузнавање негира вмешаност во активности кои не се нејзина надлежност

Од:

Агенцијата за разузнавање отфрла било каква вмешаност во незаконски активности и потенцира дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.

– Во последните неколку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање. Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности, се вели во денешното соопштение од АР.

За сите минати безбедносни настани, посочуваат оттаму, Агенцијата остварува тесна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.

– Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог. Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата, се посочува во соопштението.

Агенцијата, се додава во него, ја поддржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелираме дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.

Би можело да ве интересира

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

ДУИ: Скандалите немаат крај, нема ниеден Албанец во раководството на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Предраг Петровиќ

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција

А1он

Кина, Русија, Иран се главните закани за САД во 2021 година, сметаат американските разузнавачи

Жарко Настоски