(ВИДЕО) Костадинов: Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминал и злоупотреби, од овде се давале насоките и за 27ми април

Од:

Секојдневно на виделина излегуваат нови сведоштва за монструозните планови и брутална злоупотреба на безбедносните институции, МВР и УБК од страна на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Овој луксузен дворец зад мене е центарот во којшто биле координирани сите злоупотреби како и нападнат на 27 април, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Според јавни сведоштва и признанија, токму во оваа зграда на ВМРО-ДПМНЕ, „на 8-ми спрат“ бил центарот од каде се планирал и изведувал бруталниот упад во Собранието на 27 април. Оваа зграда зад мене, овој дворец на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот, расипништвото, злоупотребите. Јавноста и граѓаните се згрозени од она што се слуша во судниците, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски работела и следела неистомисленици, лидери на партии, пратеници, граѓани, планирала напади врз новинари, седници на ДИК…Во овој период Христијан Мицкоски бил лева рака на Никола Груевски, советник во неговиот кабинет, дел од партиските структури, рече Костадинов.

Тој додаде дека Мицкоски не побарал одговорност за криминалот, за злоупотребити за нападот на 27 април, туку се обидел да ги заштити криминалците, насилниците и нарачателите.

– Затоа Мицкоски денес организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители. Затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа ги кочи процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ. Од овде, од пред овој симбол на криминалот и на злоупотребите на институциите уште еднаш упатуваме порака: Нема амнестија за оние кои нарачале, организирале и извршиле насилство на 27 април. Македонија тргна напред и враќање назад во темното минато нема да има, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!