Средба на министерката Јанкулоска со македонски граѓани во Шведска

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во рамките на својата работна посета на Шведска имаше средба со македонски иселеници кои живеат и работат во оваа скандинавска земја.

Како што јави дописникот на МИА, на средбата која се одржа вчера во просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг, присуствуваа голем број македонски граѓани, при што министерката Јанкулоска, меѓу другото, ги информираше за можноста за поднесување барање за добивање на пасоши преку македонските дипломатско-конзуларните преставништва.

Многумина од присутните поставија прашања во врска со законската процедура околу користењето на идентифакационите документи во Република Македонија, при што можеше да се слушне дека иселениците наидуваат на извесни проблеми кога во текот на престојот во татковината им се бара да покажат лична карта.

Според важечките законски прописи, македонските граѓани кои го одјавиле своето живеалиште во Македонија, поради тоа што престојуваат во странство подолго од три месеци, немаат право на вадење лични карти.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари