Жерновски на 25. Министерски совет на ОБСЕ

Од:

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој ја предводеше делегацијата од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, имаше обраќање во кое се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици, соопшти МНР.

Жерновски во обраќањето ги презентираше и активностите околу актуелните реформи во Република Македонија за исполнување на критериумите за пристапување на земјата во ЕУ, регионалната соработка, како и активностите во насока на стекнување на членство во НАТО.

Во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски оствари билатерални средби со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, со високиот комесар за национални малцинства, Заниер и со директорот на ОДИХР, Гисладотир.

На средбите се разменија мислења за тековните внатрешно политички случувања во Република Македонија. Беше потенцирана важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и поддршката за реформските процеси на Владата, со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи и во наредниот период.

Од страна на заменик министерот Жерновски беше реафирмирана подготвеноста на земјата за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

На маргините на состанокот, Жерновски имаше билатерални средби со МНР на Австрија, актуелен претседавач со Советот на Европската унија, Карин Кнеисел, со МНР на Чешката Република, Томас Петричек, со ЗМНР на Грција, Томас Спенсер Николаос Квик, со државниот секретар на италијанското МНР, Пики.

Учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски го надополни со неформални средби и разменети мислења со МНР на Србија, Ивица Дачиќ, МНР на Албанија, Дитмир Бушати, МНР на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, МНР на Турција, Мевлет Чавушоглу и МНР на Малта, Кармело Абела.

Од страна на соговорниците беше истакнато дека силно ќе ги поддржат процесите за членство на РепубликаМакедонија во НАТО и ЕУ. Потенцирано беше дека добрите односи меѓу државите се важен предуслов за развој на земјите на Балканот и на регионот во целина, како и дека е важно билатералните прашања да се затворат низ принципот на регионална стабилност и безбедност.

– Ќе ги вложиме сите напори за да ја завршиме нашата домашна задача, со цел да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани, беше истакнато од страна на Жерновски, на средбите, се вели во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски