Ѓорчев на Парламентарниот форум во САД: Безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок

Од:

Пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати како еден од воведните панелисти на 12 Парламентарен форум за безбедност кој што се одржува во Сенатот на САД, со кој претседава конгресменот Роберт Питинеџер, претседавач со Работна група за тероризам и неконвенционално војување на Конгресот на САД. Се очекува на Форумот да учествуваат 340 парламентарци од над 80 земји, кои ќе разменат мислења за безбедноста, борбата против тероризмот и неговото финансирање, сајбер-безбедноста, размената на разузнавачки информации и крипто-валутите.

На парламентарниoт форум учествуваат сенатори и конгресмени од САД, како и парламентарци од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.

Ѓорчев ја подвлече водечката улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста на Европа. Во тој контекст, Македонија и САД ги поврзува стратешкото сојузништво и партнерство потпишано во 2008 година.

Ѓорчев ја нагласи улогата на НАТО алијансата како клучна организација на евро – атлантската заедница во која што припаѓа Македонија.

На крајот, Ѓорчев се заблагодари за можноста да биде еден од воведните панелисти на форумот за безбедност во Вашингтон, додавајќи дека ваквите настани ги покажуваат сојузништвото и солидарноста на демократскиот свет.

Пред учесниците на 12 Парламентарен форум за безбедност се обратија конгресмени и сенатори од соодветните комисии и тела на Американскиот конгрес, претставници од Министерството за финансии и владините агенции на САД, како и аналитичари од најзначајните тинк-тенкови за меѓународна политика, експерти од големите финансиски институции и софтверски компании.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран е воено поразен, Обама и Бајден водеа слаба политика кон Техеран

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

САД и Иран бараат решение преку дијалог, преговорите продолжуваат

Нетанјаху им вети на Израелците победа над Иран, сега молчи за договорот

Вашингтон и Москва наскоро ќе одржат нова рунда преговори