Ципрас во посета на Москва за одмрзнување и затоплување на односите меѓу Грција и Русија

Од:

Со полагање венец на споменикот на Незнајниот јунак во Москва, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја започна еднодневната работна посета на Русија.

Ципрас се сретна со неговиот руски колега Димитри Медведев, а потоа ќе има и 30-минутна тет-а-тет средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Предвидено е потоа разговорите да продолжат на работен ручек, а ќе бидат потпишани и билатерални договори во повеќе области.

Според најавите од Грција, на агендата разговори на Ципрас со рускиот државен врв ќе се најдат билатералните односи, економската соработка, руските инвестиции во Грција и можностите за зголемување на грчкиот извоз во Русија, „улогата на Грција како столб на стабилноста и безбедноста во регионот“ со акцентот ставен на Источниот Медитеран и Балканот, кипарското прашање, односите ЕУ- Русија, а не е исклучена можноста да стане збор и за Договорот од Преспа.

Денешната посетата на Ципрас на Москва, според грчките медиуми, ќе ги „одмрзне“ и „затопли“ односите на Грција со Русија, откако во текот на летото дојде до нивно заладување по одлуката на Атина, во јули годинава, да протера двајца руски дипломати, а на двајца други да им забрани влез во Грција.

Еден месец подоцна, Москва одговори со контрамерки и забрана за влез во Русија на директорот на политичката канцеларија на тогашниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје