Претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер не се согласува со тврдењата дека Марио Балотели го изгубил својот талент, но очекува „СуперМарио“ да ја напушти Ница следното лето.
Италијанецот имаше тежок старт на сезоната со францускиот тим, откако пропушти многу од подготовките пред сезоната. Во исто време, Балотели беше вмешан во трансфер сага со Олимпик Марсеј, која не заврши со позитивен крај за двете страни.
– Секој играч има потешкотии на почетокот на сезоната кога не се подготвил добро. Марио, сепак, не го изгубил својот талент, но наскоро сите ќе го видат повторно во неговото познато светло.
Продолжување на неговиот договор? Не, мислам дека ова ќе биде крај на нашата врска, изјави Ривер за „РМЦ“.