Децата од ЈДГ „Весели Цветови“ со приредба ја испратија есента

Од:

Во ЈДГ „Весели Цветови“, во објектот „Мимоза“ дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во истиот пред нивните родители, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги покажаа своите актерски способности, изведувајќи приредба насловена „Црвенкапа во есен“.

Децата кои одлично ја изведоа приредбата која се одржа по повод испраќањето на есента од градоначалникот Филип Темелковски добија полна корпа со разни видови овошје.

Есенската приказна ќе продолжи да се одвива и во другите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“, во кои ќе се одржат приредби, работилници и изложби.

Овој месец во објектите на истата градинка ќе се организира новогодишен базар. За таа цел, децата заедно со родителите и воспитувачките ќе изработуваат новогодишни украси и подароци. Средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за потребите на градинката.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода