Во првиот квартал годинава интернет користеле 79,3 проценти од домаќинствата

Од:

Интернет пенетрацијата во домаќинставата во Македонија е зголемена на опфат од 79,3 проценти во првиот квартал годинава, во однос на 73,6 проценти во истиот период лани, а има подобрување и во начинот на пристап потребен за е-трговија, покажува истражувањето на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија.

Според истражувањето, 79,2 проценти од популацијата во Македонија на возраст од 15 до 74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители, од кои од машки пол 80,9 проценти, а од женски 77,4 проценти. Од младите на возраст од 15 до 24 години, пак, интернет користеле 97,5 проценти. Најмалку употребувале интернет лицата од 55 до 74 години (46,7 проценти) во изминатите 12 месеци. Речиси секој ден интернет користат 68,7 проценти од популацијата на возраст од 15 до 74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За да пристапат до интернет најмногу користеле мобилен или паметен телефон 68,8 проценти од интернет корисниците, потоа од лаптоп 41,1 процент од десктоп 36,5 процент и 14 проценти пристапиле од таблет.

Македонците на интернет најмногу зборувале и учествувале на Фејсбук и тоа 64,8 проценти од интернет корисниците, но помалку од минатата година односно 83,8 проценти. Што се однесува до користење на интернет за социјални мрежи кое е најголемо, мажите (68,6 проценти) многу повеќе од жените (60,9 проценти) учествувале на социјалните мрежи. Исто така, во однос на минатата година намалено е користењето на интернетот и за телефонирање, праќање/примање на електронска пошта.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он