Мексико Сити ја доби првата жена градоначалник

Од:

Клаудија Шајнбаум стана првата жена градоначалник на Мексико Сити откако синоќа положи заклетва и веднаш најави дека ќе ја расформира полицијата за сузбивање нереди.

– Полицијата постои за да го штити народот, и не ни се потребни полициски сили кои ќе спроведуваат репресија врз луѓето, истакна таа.

Шајнбаум вети дека ќе изгради жичари до сиромашните импровизирани населби и оти ќе го подобри превозот со автобуси и метро.

Таа исто така најави и изградба на куќи за луѓе кои ги загубиле своите домови во земјотресите во 2017 година, а меѓу главните ветувања и е намалување на криминалот.

Шајнбаум, која докторирала во областа на инженеринг на животна средина, спровела постдокторско истражување во Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во Калифорнија и е поранешна членка на Меѓувладината комисија на ОН за климатски промени.

Таа исто така е долгогодишна соработничка на новиот левичарски претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори