Солари за Иско: Не постои играч кој е вечен стартер поради неговото име

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари смета дека секој играч е заменлив. Аргентинскиот стратег има навика да одговора на прашања за Иско, кој сѐ уште не се нашол во стартната постава..

– Играчите мора да сторат сé што е во нивна моќ за да бидат достапни за тренерот. Тука се репрезентативните настапи, пад во форма, многу фактори. Работата на тренерите е да изберат. Во фудбалот има играчи кои играат 10 или 12 години како стартери. Сепак, не постои играч кој е вечен стартер поради неговото име, рече тренерот на денешната прес-конференција.

Реал Мадрид утре ја дочекува Мелија во реванш натпреварот од Кралскиот Куп по победата од 4:0 во првиот натпревар.

– Историски гледано, Реал Мадрид секогаш имал играчи од својата школа во нивниот прв тим. Но, точно е дека во последните години не е така, додаде Солари, во однос на утрешниот состав за натпреварот.

Би можело да ве интересира

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ