Бочварски изврши увид во завршните градежни активности кај местото Шардаван Баши

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“, Сашко Протогеров извршија увид во завршните градежни активности кај местото Шардаван Баши. По барање на граѓаните се постави нова водоводна линија во должина од 120 метри и канализација со 94 метри во вредност од 311.375 денари и во завршна фаза е бетонирањето на краците на овие улици со должина од околу 200 метри што ЈП „Стипион 2011“ ќе го чини 803.000 денари.

„Денеска заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“ дојдовме овде да направиме увид во скоро завршената улица во месноста Шардаван Баши. Овде морам да истакнам дека во предизборниот период имав посета на граѓаните во овој дел од градот кадешто увидов дека се живее во многу тешки услови, добив барање да оваа улица ја направиме и да го реконструираме водоводот, односно да се доизгради и да се изгради канализација во овој дел.

Овие луѓе живееја во многу тешки услови и нашата улога како локална власт е да излегуваме во пресрет на граѓаните.

Такашто овде веќе изградивме нова водоводна и канализациона линија во висина од околу 311.000 денари. Веднаш потоа ја изградивме оваа пристапна улица кон овие куќи, во вредност од 803.000 денари,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип во наредниот период ќе работи на новиот буџет за 2018 година кадешто можат сите граѓани да се вклучат, да даваат предлози и идеи.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски