Активностите на отпорот се зголемуваат. Освен секојдневните маршеви, каравани и протести низ целата држава се интензивираа и средбите со граѓаните.
Вчеравечер, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ги посети жителите на Хром и Волково.
На барање на жителите на Урбаната Заедница Хром беше остварена средба, на која беше искажано разочарување од актуелниот Градоначалник Сокол Митровски кој со прст не мрднал за оваа урбана заедница, како и за неоствареното ветување за изградба на основно училиште. Граѓаните отворено го поддржаа отпорот на опозицијата со укажување да се истрае до крај.
Исто така и во Волково жителите изразија огромно разочарување од Сокол Митровски, пред се поради ароганцијата во неговото владеење како и за неостварените ветувања за асфалтирање на улиците и изградба на фекална канализација.Затоа тие му дадоа отворена поддршка на Александар Наумоски.