Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Лазовски го соопшти списокот со играчи кои ќе патуваат на турнејата низ Америка, а потоа и на Олимписките квалификации во Венецуела.
Повик од Лазовски добија: Александар Костовски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Кире Николовски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.
„Максимално сме подготвени да се пласираме на Олимпијадата. Во Венецуела не чека мини Светско првенство. Таму ќе бидат 12 силни репрезентации. Треба да бидеме сконцентрирани на сите натпревари и да одиграме квалитетно за да ја оставриме целта. Нема да ни биде лесно, но со тимскиот дух и единството кое владее во репрезентацијата може да го оствариме сонот“, изјави Лазовски.