(ВИДЕО) Митрески: Ставаме крај на репресивната политика, ги намалуваме казните, го укинуваме двојното казнување

Од:

Репресивната казнена политика којашто во минатото беше селективна и служеше за притисоци, закани и за уништување на фирмите, ја менуваме со праведна казнена политика што ќе биде вистински коректив во работата на фирмите, рече Јован Митрески од СДСМ.

– Со новиот закон за прекршоци што е во владина процедура, предвидуваме намалување на ригорозните казни за фирмите и граѓаните, ја засилуваме превенцијата со воведување на опомена пред казнување.
За малите фирми, според новиот закон, минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за два и пол пати. Она што е особено важно што се укинува двојната санкција којашто се изрекуваше според постојниот Закон за прекршоци според кој трговец поединец се третираше како правно лице, рече Митрески.

Како што кажа тој, со новиот закон трговец поединец, и малите и микро фирми ќе се третираат според Законот за трговски друштва како физички лица и нема да плаќаат двојни казни, еднаш како физичко и еднаш како правно лице.

– Заврши времето на изживување врз компаниите и граѓаните,заврши и времето на драконски казни. Владата предводена од СДСМ воведува нов столб на казнената политика, а тоа пред се е превенцијата и опомена пред изрекување казна. Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата. Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес, рече Митрески.

Тој додаде дека паралелно со ова, со Законот за извршување и Законот за нотаријат, закони што веќе се во собраниска процесура, драстично се намалуваат адвокатските, нотарските и трошоците за извршителите.

– Трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат од 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати. Собранието претходно веќе го усвои и Законот за отпис на камати на долгови, со кој ќе бидат отпишани каматите на главниот долг за различни комунални дејности, телефонија, вода и смет, електрична и топлинска енергија, одржување на заеднички простории… Владата предводена од СДСМ и пратениците остануваат посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат намалени трошоци за правните и физички лица, повеќе пари за граѓаните и повисок животен стандард за сите, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он