Дополнителни пет денари субвенција за оризова арпа

Од:

Дополнителни пет денари за килограм оризова арпа произведена и предадена во преработувачки капацитети од 1 октомври до 25 декември годинава, обезбеди Владата.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, субвенцијата се однесува за количините што не надминуваат 5,5 тони на хектар. Средствата ќе бидат исплатени од Програмата за финансиска поддршка за 2019 година.

-Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена на оризот. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018, од што бенефит ќе имаат директно земјоделците, истакна Николовски.

Тој потсети дека со годинашната Програма, за 20 отсто е зголемена субвенцијата за растително производство, вклучително и оризот. Дополнително, ако се користи семенски сертифициран ориз земјоделците добиваат 3.000 денари по хектар.

-Го поддржавме домашното земјоделско производство со линеарно зголемување на субвенциите за 10 проценти уште во првата година од мандатот, а зголемувањето кај оризот беше и до 300 отсто. Олеснителна околност за откупувачите и извозниците на ориз е што со Србија веќе договоривме признавање на македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивноста се испитува на граничниот премин. Тоа значително го олесни извозот на ориз, потенцира министерот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници