(ВИДЕО) Арсовски: Кога Спасовски и Заев ќе си дадат оставки како одговорни за скандалот со прислушувањето на обвинителството?

Од:

Петти ден како Јавното Обвинителство се уште нема конкретен одговор на прашањата што ги чека јавноста. Петти ден како Оливер Спасовски и Зоран Заев се однесуваат како ништо да не се случило, а најмалку дека масовно и нелегално се прислушувале обвинителството, обвинителите и нивните соработници, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Петти ден како Зоран Заев и Оливер Спасовски бегаат од одговорност и не даваат оставки како најодговорни за скандалот со масовното прислушување на обвинители и нивните соработници. Кога Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе си дадат оставки како одговорни за скандалот со прислушувањето на јавните обвинители? Самиот јавен обвинител призна дека се прислушувало од 30 септември 2016, периодот кога е Оливер Спасовски министер во МВР. Потврдата на јавниот обвинител е уште еден доказ дека се неопходни оставки од Оливер Спасовски и Зоран Заев. Цели две години ги прислушувале обвинителите и треба уште веднаш да одговорат, кој прислушувал, зошто прислушувал, за чии цели прислушувал, кој се ги има разговорите од прислушувањето и дали разговорите биле предмет на уцени за политички цели?, праша Арсовски.

Тој рече дека Заев и Спасовски немаат повеќе кредибилитет да бидат на своите позиции.

– Јавниот обвинител исто така повеќе нема кредибилитет да биде на својата позиција. После ваков скандал, морално е да си дадат колективни оставки и да се тргнат од случајот за да не пречат во истрагите. Ова што се случува во Република Македонија е жалосно. Нема ниту правда, нема ниту правдина. Има само заробено обвинителство и судство кое е под директна контрола и надзор на Зоран Заев и Оливер Спасовски, кои пак ги користат за свои лични политички цели и лични пазари. Затоа, сите оние што се револтирани од оваа влада на СДСМ која само ја зацрнува Република Македонија, заедно со нас во среда, рамо до рамо, во 17 часот тргнуваме од Плоштад ВМРО до пред Владата да го искажеме револтот и да побараме оставка од оваа криминална Влада и конечно после тоа да донесеме суштински промени во Република Македонија, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски