ВИДЕО: Џафери во обвинителството даваше исказ за неговиот избор за претседател на Собранието

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери беше повикан во Обвинителството за организиран криминал, за да даде исказ за настаните на 27 април. Се работи за постапка по службена должност, за тоа како Џафери е избран за претседател на законодавниот дом, по пријава на патриотско граѓанско здружение од Битола.

„Како и сите граѓани така и јас, Талат Џафери, се одзвав на поканата на обвинителство и ја извршив својата граѓанска обврска“ рече Џафери.

На новинарско прашање за обвинувањата од страна на здржението од Битола, Џафери рече дека тоа здружение може да каже што сака и дека
не е негова грижа и нема потреба да го коментира.

Битолското здружение бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание.

Покрај Џафери, во Обвинителството и други пратеници добиле покана, а според информациите еден од нив е и Горан Мисовски.

Габриела Димковиќ Мишевска

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка