Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Од:

Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во две била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување и тројца возачи кои не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени вкупно пет возачи пред да се стекнат со право на управување и четири нерегистрирани возила.

Затекнати биле 86 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 47 возила.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он