Заврши увидот на местото на несреќата во Гостивар

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите.

Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар.

Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.

Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде им подлегнал на повредите.

Јавниот обвинител нареди обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и Наредба за обдукција на телото на починатиот.

Возачот на ТМВ е задржан во ПС Гостивар.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција