СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионализацијата на институциите и затоа измислува непостоечки случаи

Од:

„Mрежите, списоците и црните тефтери се карактеристика на криминалното и расипничко владеење на антинародното ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, неможејќи да се соочи со реалноста дека заврши времето на непотизам и партизација на администрацијата со нивното заминување од власт, антинародното раководство на ВМРО -ДПМНЕ шири лажни вести базирани на медиумски шпекулации што веќе се јавно демантирани.

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за професионализација на администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ организираше „лотарија за вработувања“ и без никакви критериуми вработуваше луѓе во државни институции, јавни и државни претпријатија и општини.

Владата предводена од СДСМ, преку започнатиот процес на реформи и професионализација на администрацијата, гради институции што работат професионално, независно и единствено во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување па затоа секојдневно шири лажни вести и измислува непостоечки случаи“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте