Лазарова Трајковска член на експертско тело за избор на судии во Високиот Антикорупциски суд во Украина

Од:

На предлог на Советот на Европа, ЕУ, ЕБРД, ОЕЦД и ОЛАФ, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, е избрана за член на шестчлениот меѓународен Панел на правни експерти за избор на судии во Високиот Антикорупциски суд во Украина.

Ова експертско тело, има за задача да го помогне изборот на судии со висок професионал и личен интегритет кои ќе работат во областа на антикорупциското судство во Украина . Покрај неа во ова тело избрани се уште пет експерти од Велика Британија, Канада, Данска и Литванија.

Лазарова Трајковска е поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и претседател на Првата Секција, поранешен судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Во последните две години Лазарова Трајковска како предавач гостува на неколу најпрестижни Универзитети во Светот (Бирмингам во Британија, Лил во Франција, РенМин Универзитетот во Пекинг, Емори во САД и други). Во изминатите години обучувала и едуцирала судии и обвинители во Македонија и повеќе земји во Европа. Таа е високо почитуван експерт на Венецијанската Комисија и на Советот на Европа. Објавила бројни трудови од областа на правото.

Би можело да ве интересира

Украина: Пет лица се повредени во рускиот воздушен напад врз Павлоград

Москва: Руските вооружени сили нападнаа украински магацини за беспилотни летала во регионот Харков

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа

(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени

Горан Наумовски

Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев