Сценаристот на „Линколн“, филмот со најдобри шанси за Оскар, се извини за 15 секундните историски неточности по приговорот на америчкиот конгресник од Конетикат кој вели дека во филмот двајца претставници од неговата држава во 1865 година гласаат против укинување на на ропството.
„Конгресникот од Конетикат, Џо Кортни, е во право кога вели дека четири членови на делегацијата Конетикат гласаа за амандманот за укинување на ропството во САД. Ги изменивме гласовите на два члена од делегацијата и им дадовме нови имиња на личностите кои ги ставаат своите ливчиња во кутијата за да не ги препишуваме на вистински луѓе“, признава сценаристот Тони Кушнер во електронската порака.
Кушнер истакнува дека неточностите воопшто не влијаат на пораката на филмот кој е „историска драма“ и треба да се разликува од историјата.
„Дали тоа навистина беше така? Ако е одговорот „да“, тогап тоа е историја. Ако е одговорот „не“, тогаш станува збор за историска драма“, вели сценаристот.
Кортни изјави дека му е задоволство што сценаристот ја призна грешката „за гледачите да не излезат од кино салите со уверување дека тогашните претставници од Конетикат биле на погршната страна на историјата“.